Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Делчево добива нови простории за управните служби на МВР – унапредување на услугите за граѓаните

Претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, денеска оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, денеска оствари работна средба со помошник-министерот во Министерство за внатрешни работи, Јован Алтанџиев, на која беа разгледани повеќе прашања за подобрување на административните услуги за граѓаните.

-Акцент беше ставен на реализацијата на проект за обезбедување нови простории за управните служби при МВР Делчево, како и на можностите за воведување нови управни услуги со цел поефикасно и побрзо сервисирање на потребите на граѓаните. Во таа насока, на последната седница на Советот на Општина Делчево беше усвоена одлука за давање на трајно користење недвижни ствари – службени простории на Министерството за внатрешни работи, истакна Стојменовски.

Одлуката, како што посочува претседателот на Советот, претставува важен чекор кон реализација на проектот.

Реклама

-Со обезбедувањето нови простории се очекува да се подобрат условите за работа на управните служби, што директно ќе придонесе за повисок квалитет и достапност на услугите за граѓаните во Општина Делчево, додаде Стојменовски.

Надлежните изразија очекување дека соработката меѓу локалната самоуправа и институциите на централната власт ќе продолжи и во наредниот период со реализација на проекти од заеднички интерес.