Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Децата суројчари ја продолжија традицијата во Дебар

По повод Православна Нова година, иако во многу мал број, деца суројчари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Православна Нова година, иако во многу мал број, деца суројчари во Дебар ја продолжија вековната традиција карактеристична за овој крај.

Тие ги посетија православните домови, пеејќи „сура, сура година, до година повесели“, а за убавите и искрени детски желби домаќините ги даруваа со пари и слатки.

Некогаш, кога во градот живееле голем број православни, имало повеќе групи по десеттина деца, но последните години традицијата ја продолжуваат само неколку дечиња.

Реклама

Едно од нив годинава беше Иван Љубиновски, кој живее во Скопје, а зимскиот распуст го поминува кај баба му и дедо му.

– Многу се радувам на посетата на децата суројчари, кои кога доаѓаат на врата, го развеселуваат домот. Фала му на Бога што продолжува традицијата – вели Десанка Секуловска.

Објаснува дека суројцата, која главно ја прават бабите, но и мајките, направена е од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец.

Традицијата утврдена пред повеќе од три децении на кршење василичарска погача ја продолжија и дебранките. Погачата ја подготви Доста Штерјовска, кај која лани се падна паричката, а синоќа најсреќна беше Марија Василевска, која посака здравје, среќа, благосостојба, мир во светот и продолжување на традицијата.