Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Дебатата на институти „Радика“: Коридорите 8 и 10 ни даваат пристап до, Јонско, Егејско и Црно Море

Изградбата на двата коридори осум и десет ќе ја позицинионираат Македонија како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на двата коридори осум и десет ќе ја позицинионираат Македонија како централна точка за влез на европскиот пазар. Поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, смета дека стратешки мора да се забрза изградбата на патното и железничко поврзување кон Бугарија на исток и Албанија на запад, паралелно со модернизацијата на патната инфрастуктура од Грција на југ, до Србија на север.

„Македонија како централна точка во која се вкрстуваат двата коридори, тоа се коридотор 8 и коридорот 10, на тој начин ни обезбедува пристап до три мориња, тоа е Јонското, Егејско и Црно море што секако ќе овзможи предуслови за развој и на други бизниси, пред сè во сферата на логистиката“, изјави поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.

Светот се трансформира од глобализам во регионализам. Глобалните текови се заменети со регионални соработки, а Македонија мора да ги следи геополитичките процеси кои се актуелни во моментов. Несомнено како држава треба да остане посветена на патотот кон евроинтеграцијата, но мора да е свесна дека, на пример, Светската трговска организација е блокирана од процесите во САД. Русија и Кина нудат нова Руско – Азиска унија, додека пак ЕУ останува безбедносно зависна од Америка, смета универзитетскиот професор, Жидас Даскаловски.

Реклама

На слична линија е и поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.

„Европската интеграција, односно влезот во единствениот пазар ги дава одговорите на најголемиот број од македонските предизвици врзани со геополитиката и геоекономијата. Ние Ние сме интересни за овие земји, за овие нови играчи, токму како место каде што се влегува во единствениот пазар на ЕУ. Но, како независна држава, како самостојна држава, ние не смее да останеме вон тековите“, рече Ивица Боцевски, поранешниот македонски амбасадор.

На дебата „геополитичките процеси и Македонија – враќање на историјата“ еден од заклучоците е дека  енергетиката  како стратешки приоритет, треба да остане високо на  агендата на македонската влада.