Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Дебата за владиниот авион: Стара потреба, нови политички пресметки

Стариот владин лирџет 60 требало да се приземји уште пред 7 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стариот владин лирџет 60 требало да се приземји уште пред 7 години и да се набави нов модерен од марката „Фалкон“ и „Галфстрим“. Речиси пред една деценија вака проценил поранешниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и пратеник од СДСМ, Томислав Тунтев. Во време кога не му се мереле летовите на Зоран Заев со владиниот лирџет, тогаш не било проблематично да се разговара како да се потрошат 20 милиони евра од државната каса, па ако треба да се земе и на лизинг. Тунтевски во интервју за Независен во  2019 –та тврди дека поради безбедносни причини потребна е итна набавка на нов владин авион, не со седум туку со 15 седечки места.

Еднаш премиерот ми прати порака дека се расипал генераторот. Јас му одговорив, „не секирај се премиере, има уште еден“. Но, ако се чести откажувањата на генераторот, независно од редовните прегледи, тогаш треба да се запрашаме зошто е тоа така. Тоа се генератори со технологија од раните 80-ти, а сега сме длабоко навлезени во 21 век. Такви генератори не постојат, сега се алтернатори и немате ни резервен дел, не се произведуваат, вели во 2019 Томислав Тунтев, тогашен директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Реклама

Државниот авион често се расипувал пред неколку години. Сега после седум години повторно има чести проблеми и не може да лета. Шефицата на државата Гордана Силјановска-Давкова на 4 декември во 2024 та не отиде за  Париз каде што светските лидери се собраа на отворање на реновираната Нотр Дам, зошто ден претходно авионот се расипа.

Со него патувал претседателот на Собранието Африм Гаши во Стокхолм, Шведска. За време на подготовката  на авионот за лет кон Скопје и редовните активности и проверки на аеродромот во Стокхолм утврдена е неисправност на едниот од двата инструменти кои покажуваат температура на издувните гасови од моторите. Токму затоа, Гаши се снаоѓал да се врати со комерцијален лет.

Досега се покажа дека владиниот лирџет често има дефекти. Произведен е во 2004 во Вичита, Канзас, во фабриката на Бомбардиер аероспејс и и е во сообраќај од јануари 2005 година. Kупен e во време на Владата на Владимир Бучковски.

Инаку, за него веќе не се произведуваат  делови односно, за поправки се користат репарирани делови. Од  2017 до сега сме потрошиле околу 3,5 милиони евра за поправки. Освен тоа што е стар му се ставаат стари делови и не е безбеден, има само седум места, па често не ја собира целата делегација. Се трошат пари за за карти со комерцијални летови.

Тунтевски препорачал овој лирџет да се продаде или пренамени зошто според него најскап авион е авион на земја.