Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Дебата „Низ призмата на ромскиот културен калеидоскоп“

Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ организира јавен настан „Низ призмата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ организира јавен настан „Низ призмата на ромскиот културен калеидоскоп“, што ќе се одржи вечер со почеток во 18 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје. 

На настанот којшто е дел од проектот „RomaVision-Култура во акција“ ќе бидат презентирани резултатите од проектот и младинскиот креативен камп, како и авторските видеа создадени од младите учесници во рамки на проектот преку кои тие ги изразуваат своите идеи, ставови и креативни погледи кон ромската култура.

Централен дел од програмата ќе биде панел-дебатата „Нови гласови, нова културна визија“, посветена на положбата и присуството на младите Роми во културата и уметноста.

Реклама

„RomaVision – Култура во акција“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, којшто се имплементира од Хартефакт Фонд.