Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Дебарските пожарникари за осум месеци евидентирале 115 интервенции или 30 повеќе од лани

Во изминатите осум месеци од годинава дебарските пожарникари имале дури 30 интервенции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите осум месеци од годинава дебарските пожарникари имале дури 30 интервенции повеќе споредено со истиот период минатата година, поголемиот број пожари биле на отворен простор.

-Во овој период имаме 115 интервенции, наспроти 85 минатата година. Поголемиот број од интервенциите се пожари на отворен простор или 69, на објекти се 22, на сообраќајни средства една, додека останатите се технички интервенции. И годинава за овој период поголем број од пожарите се на отворен простор, изјави, Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ Дебар. 

Додаде дека најголем по зафатена површина бил пожарот кој избувна вечерта на 29 август, над градот, во атарот на селото Татар Елевци, каде биле опожарени 5 хектари сува трева и нискостеблеста дабова шума, нагласувајќи дека интервенцијата ја отежнувал непристапниот терен.

Реклама

-Овој период, споредено со истиот лани, поголем е  бројот и на техничките интервенции, бидејќи е интервенирано со носење вода во Гостивар, кога беше присутен проблемот со водоснабдувањето во овој град, како и во Одделот за дијализа при Општата болница со проширена дејност во Дебар, кога поради зафат во водоводот Росоки-Дебар, имаше неколкудневен прекин во снабдувањето, посочи тој. 

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари Мифтароски го повтори апелот до сите граѓани да се однесуваат одговорно при движење на отворен простор, а во исто време потсети дека пред претсојната грејна сезона неопходно е навреме да ги исчистат оџаците.

-Сите треба да бидеме свесни дека со нашето совесно однесување придонесуваме во заштитата на животна средина, имотите и заедниците во целина. Потсетувам дека во сила е целосната забрана за движење во шумите до 30 септември. Секако уште еден апел  до граѓаните, пред почетокот на грејната сезона да ги исчистат оџаците, кои беа главната причина за пожарите на објекти, рече Мифтароски.

Четиринаесетте пожарникари  на оваа единица, интервенираат на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.