Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Дебарските пожарникари го одбележаа 20 мај, имале повеќе интервенции од лани

Меѓународниот ден на пожарникарите 20 мај, дебарските пожарникари го одбележаа со бројки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот ден на пожарникарите 20 мај, дебарските пожарникари го одбележаа со бројки кои потврдуваат дека биле повеќе ангажирани споредено со периодот јануари-мај минатата година. 

Пред претставници на локалната власт, претставници на полицијата и други институции, командирот на Територијалната противпожарна единица, Џетан  Мифтароски, рече дека нивна цел, како единица, е заштита на населението и имотот на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. 

-Од почетокот на годинава до денес евидентирани се 65 интервенции што е за 23 интервенции повеќе споредено со истиот период минатата година. Дури 70 отсто од интервенциите се пожари на отворен простор. За среќа материјалната штета е мала, како и опожарените површини, рече, Мифтароски. 

Реклама

Порача дека единицата е подготвена и е во служба на населението 24/7 во трите општини.  

-Четиринаесетте пожарникари делуваме како едно, никогаш не правиме разлика по никоја  основа, никогаш не го делиме населението, интервенираме веднаш по добиена дојава, нагласи тој. 

И во оваа прилика тој спомена дека двете соседни општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, не придонесуваат во финансирањето на единицата, што им создава финансиски проблеми во работењето. 

Градоначалникот на Дебар Фисник Меља им го честиташе денот и искажа пофални зборови и, како што рече,  највисока почит за ангажираноста и  ефикасноста за храброста, посветеноста и високо чувство на одговорност секогаш се во служба на граѓаните. 

-Пожарникарите се тивките херои на нашето секојдневие, луѓе кои се соочуваат со опасност за да спасат животи, да заштитат семејства и да ја зачуваат безбедноста на нашата заедница. Можам да искажам само пофални зборови за вашата максимална посветеност и брзите интервенции на поширокото подрачје. Како локална власт, ја имате нашата целосна поддршка. Вашата посветеност ја покажавте и за време на викендот, кога имаше целосен прекин во водоснабдувањето,  со ангажираноста за снабдување на институциите со техничка вода. Честит нека ви е Денот, рече меѓу другото Меља. 

Заблагодарувајќи им се на присутните за искажаната чест, Мифтароски, упати апел до граѓаните да бидат повнимателни и посовесни, посебно во претстојниот период, зашто „вниманието и совесноста на сите е повеќе од потребна“.