Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Прилози

Давос под сенка на Гренланд и нови трансатлантски тензии

Швајцарскиот град Давос по 56 пат е домаќин на најголемиот економски форум,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Швајцарскиот град Давос по 56 пат е домаќин на најголемиот економски форум, кој оваа годинава го носи насловот „духот на дијалогот“.

Во изјава за „ЦНБЦ“, претседателот и извршниот директор на економскиот форум, Берге Бренде вели:

„Работиме во најсложената геополитичка околина од 1945 година наваму. Соработката е како вода. Ако види дека е блокирана, ќе најде други патишта,  бидејќи соработка е потреба, а не луксуз“.

Реклама

Тој смета дека треба да се развијат нови форми на соработка кои што  може да обезбедат функционални решенија.

Според Берге, Гео-економскиот конфликт, кој не е класична војна, но спаѓа во сегментот на специјалните војни, е прогласена привремено за најголем ризик, дури и многу поголем од климатските ризици

Бренде во интервјуто за американската телевизија, најави дека во Давос се враќа и кинескиот претседател Си Џи Пинг, а покрај него во вторник ќе пристигне и Емануел Макрон, претседателот на Франција, Урсула Фон Дер Лајен, Претседателката на ЕК, Премиерот на Канада, а денес веќе во Швајцарија треба да е Фридих Мерц, германскиот канцелар. .

Американскиот претседател Доналнд Трамп е најмаркантната личност која ќе се појави на економскиот форум, со што сигурно ќе го сврти меѓународното внимание. Прва тема на формуот би требало да биде „Гренлданд“, данската покраина која Доналд Трамп сака да ја припои кон САД или во најмала рака да има целосна контрола врз истата.

Во рамките на овој блок дискусии, се очекуваат разговори за трговските тензии помеѓу САД и Кина, како и за новите модели на глобална трговија кои сè повеќе се селективни отколку базирани на старите правила на Светската трговска организација.

Впрочем и заканата на Трамп за воведување санкции кон државите кои ја поддржуваат Данска го дава патоказот на тензиите кои ќе бидат присутни на форумот.

Во контекст на форумот, ова прашање може да послужи како пример за т.н. „гео-економска конфронтација“, каде економските алатки се применуваат за остварување геополитички цели, еден од најнагласените ризици во анализите на форумот.

Органите на ЕУ и европските лидери оценуваат дека заканите со нови царини кон Велика Британија, Данска, Франција, Германија и уште неколку европски земји кои застанаа зад Данска, околу Гренланд ја покажуваат американската стратегија да користи економски притисок за геополитички цели, дури и кога тоа ја ризикува стабилноста на трансатлантските односи и може да доведе до ослабување на НАТО алијансата како главна политичко безбедносна структура.

„Европа се поместува од проект за мир кон проект за војна, бидејќи безбедноста и одбраната стануваат централни за интеграцијата“, изјави Марк Леонард – Директор на европски совет за надворешна политика.

„Сега, кога најмногу ни требаат мигрантите и младите таленти, ние ги отежнуваме политиките за имиграција, што ги отежнува економските перспективи на развиените земји“, изјави Др Рејчел Гленестер, центарот за глобален развој.

Покрај геоплитичките тензии, на самитот ќе стане збор и за вештачката интелегенција и дигитализацијата на пазарите на труд, потоа економскиот раст и инвестициите во луѓето, а на крај би станало збор и за климата и одржливот развој.