Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Дата центарот ќе се гради во Бунарџик – Андоновски најавува и национална стратегија за ВИ

Македонија се подоготвува за нова дигитална инфраструктура – во финална фаза се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се подоготвува за нова дигитална инфраструктура – во финална фаза се разговорите за избор на меѓународен финансиски партнер, како и за  определување на соодветна локација за изградба на нов дата – центар. Планот е да биде изграден во близина на Скопје, непосредно до една од индустриските развојни зони, каде што веќе се изградени фотонапонски централи. Локацијата ќе биде избрана така што нема да зафаќа плодно земјоделско земјиште и нема да се загрозуваат природните ресурси. Според најавите, до крајот на годината ќе се донесе и национална стратегија за вештачка интелигенција. Една од активностите предвидени со стратегијата ќе биде и донесување закон за употреба на вештачката интелигенција.

„Ние сме во финална фаза на изнаоѓање на локацијата и пронаоѓање на финансиски партнер од меѓународната заедница кој што ќе го поддржи овој проект. Имавме многу квалитетни разговори во изминатите неколку дена со потенцијални финансери на овој проект. Локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони, тоа е државно земјиште кое што не се употребува за земјоделство или нешто друго.“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Дигиталната трансормација станува се повидлива и поблиска до граѓаните. Еден од примерите за тоа се центрите „Една точка за услуги“, преку кои административните услуги се доближуваат до луѓето, особено до оние во руралните средини. Целта е мрежата на овие центри да продолжи да се шири, за граѓаните да не губат време одејќи од една во друга институција. Наместо тоа, на едно место ќе можат да добијат повеќе услуги, во близина на нивното место на живеење. Новиот центар во Гази Баба е 17-ти ваков центар во земјава, а планот е до крајот на годинава нивниот број да е над 20.

Реклама

„Имаме можност да ја сместиме 17-та по ред канцеларија за услуги, тука во Гази Баба. Тоа е доближување до граѓаните. Искористување на електронските услуги за доближување до оние кои што немаат можности дома да користат дигитални средства, немаат алатки, не знаат или не сакаат да ги користат. Ова е начин како да се доближиме до нив, како услугата да ја добијат побрзо, поефикасно, без да чекаат во редови.“, вели Андоновски.

Од големите дата-центри и инфаструктурата за чување и обработка на податоци, до шалтери кои се поблизу до граѓаните – дигиталната трансформација се гради во институциите, но и на терен.