Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид. Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија. Во женска […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид.

Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија.

Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.

Реклама

Во штафетните трки на 21 километар кај мажите победи екипата „Korruners & Atomic“, кај жените триумфираше „Ем-Си Ран“, а во мешана конкуренција најбрза беше „Битола трча“.

Во трката на пет километри кај мажите победи Григоријан Никовски, а кај жените Матеја Ефремовска, додека во тимска конкуренција најуспешни беа „Ракометна школа Седмерец“ кај мажите и „3 Disciplines“ кај жените.

На јубилејното издание на манифестацијата имаше околу 2.700 учесници од 30 земји.