Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Активисти: „Да бидеш волонтер, значи да даваш, но и да добиваш“

Само со активни граѓани, може да се изгради стабилно општество. Расте интересот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само со активни граѓани, може да се изгради стабилно општество. Расте интересот за младински активизам, но потребно е нашата држава да ги следи европските стандарди и волонтерството да се признае како работно искуство при вработувањето, сметаат од Граѓанскиот ресурсен центар.

 „ Во нашата држава за жал системот за вработување не функционира баш така, без разлика што некој работодавачи го ценат волонтирањето, меѓутоа за жал мојот впечаток е дека не го ценат. Можеби се уште не е подигната свеста за тоа кои се бенефититит и како низ волонтерската работа самите волонтери ги градат своите капацитети и способности„ изјави Драгана Гмитровиќ, од Граѓанскиот ресурсен центар.

Волонтеризмот преставува промоција на хуманите вредности, смета средношколката Бојана Николова од Штип, која е активен член на Здружението на акцијаши-волонтери.  Има учествувано на неколку акции во Македонија и Србија. Нејзина задача е да ги мобилизира младите, но и да им ги пренесе придобивките од волонтирањето.

Реклама

  „ Волонтеризмот за мене е хуманост и помагање. Овде не е само работата, туку и дружењето„ вели Бојана Николова.

 „ Ќе ни треба повеќе време да ги раздвижиме младите за овие активности. Основната цел ни е токму на младите, да им се покажат позитивните работи од волонтерското активирање„ изјави Коле Кангалов од Здружението на акцијаши-волонтери.

Анализите на Организацијата на афирмација на средношколците покажува дека само околу 17% од младите целосно се запознати со законските регулативи, а дури 64%  сметат  дека компаниите не го вреднуват волонтерството.