Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Цветковски: Лозово ќе добие нов инфраструктурен лик и повеќе зелени површини

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи транспарентно и одговорно да работи преку реализација на се она што е предвидено во програмата, како вложувањето во инфраструктурата, градење на нови паркови, за почиста општина и  промоција на индустриската зона за подобар економски стандард на жителите во Лозово, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Се обврзувам дека ќе работам на квалитетно инфраструктурно уредување на општината, зголемување на зелените површини, градење на нови паркови, континуирано и темелно чистење на сите јавни простори, како и посоодветно управување со ѓубрето и отпадот, вклучувајќи го поттикнувањето  за унапредување на процесите на собирање, сортирање и отстранување на неговите остатоци. Ветувам дека ќе работиме на промоција на индустриската зона со цел да создадеме адекватни услови за отворање на работни места, како и развивање и спроведување на редица економски трансформативни иницијативи и активности, кои ќе значат дополнително привлекување на странски инвеститори и унапредување на квалитетот на нашиот економски стандард и живот“, вели Цветковски.

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски, истакна дека ќе вложува во зголемување на сообраќајната безбедност, во образованието, но посочи дека ќе вложи напори и во унапредување на социјалните услуги за мирна, безбедна и просперитетна општина Лозово.

Реклама

„Подготвен сум да вложам максимални напори на планот на зголемување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, да ја поттикнам заедничката и координирана соработка и ангажман на граѓаните и полицијата, да предложам активности и мерки во насока на намалување на девијантните појави. Ќе дадам силна поддршка на проектите кои се насочени кон дополнителни вложувања во јавното образование, подобрувањето на образовната инфраструктура, унапредување на образовниот процес, што истовремено ќе значат унапредување на севкупните услови, знаења и вештини на учениците. Ќе се залагам за унапредување на социјалните услуги за семејствата и посебно поддршката на родители, жените и децата кои се дел од социјално ранливата категорија. Заеднички посакуваме Лозово да биде модерно, забавно, мирно, безбедно, економски просперитетно и атрактивно катче за живеење и стопанисување“, рече Цветковски.