Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид привремено затворен поради технички недостатоци

Затворен центарот за култура “Григор Прличев”, поради неисполнување на одредени технички услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворен центарот за култура “Григор Прличев”, поради неисполнување на одредени технички услови времено е прекинато одржување на сите настани и манифестации.Се додека не се останат недостатоците, овој објект од областа на културата нема да работи.Испекторите за заштита и спасување ја испитувалеисправноста на внатрешната хидрантска мрежа и на системот за автоматско откривање на пожар, исправноста на громобранот и други мерки за кои им е даден рок од 30 дена да ги спроведат .

„Во меѓувеме директорот ме информира дека при анализирањето на состојбата на инсталациите, утврдено е дека громобранот негде има прекин мора да се прави нов или истиот да е реконстуира, системот за автоматска дојава е веќе застарен и не може да  надграсува мора да се воспотави нов.Бидејќи се работи за пообемни работи кај нив веројатно ќе оди и со тендери и поголеми плаќања се додека не ги завршат обврските забраната ќе продолжи”-вели Сашо Тодороски-инспектор за заштита и спасување

Се работи за објект кој е стар 67 години и сите неправилности кои се провлекувале со децении мора да се отранат.Мора да се обнови хидрантската мрежа,да се воспостави нов систем за брза детекција на пожари и да се направи громобран бидејќи постојниот го нема.Центарот е без горомобрам откако последниот пат се реконструитал кровот.

Реклама

Горан Стојаноски-директор на Центар за култура “Григор Прличев”:Бидејќи се констатираа низа неправилности, кои можат да ја загрозат безбедноста на вработените и посетителите,се одлучивме за времен прекин на сите настани и манифестации кои беа планирани да се одржат. За санирање на состојбите ќе мора да се распише тендер,процедура која ќе трае можеби и месец и половина но најважна е безбедноста отколку било што друго”

Не работи и театарот бидејќи сите претстави се одржуваат во Центарот на култура.Доколку потрае санација, незивесено е каде ќе се одржуваат настаните во рамките на “Охридско лето”.Директорот Цуцковскисе надева дека управата ќе го осигура  објектот да биде функцонален.Во спротивно  ќе биде проблем, бидејќи ќе мора претставите да бидат преадаптирани во последен момент на отворени, ако дозволат временските услови или да бидат истите презакажувани или целосно откажани.