Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Центарот за култура „Григор Прличев“ останува затворен, безбедносните недостатоци ги стопираа планираните недостатоци

Истече рокот од еден месец кој што Центарот за култура “Григор Прличев”…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истече рокот од еден месец кој што Центарот за култура “Григор Прличев” го имаше на располагање за да ги отстрани недостатоците кои ги детектирааиспекторите за заштита и спасување при инспекциски надзор кој го спроведоа на 2-ри април.Ова е второ продолжување на рокот и поради неисполнување на одредени технички услови времено е прекинато одржување на сите настани и манифестации.Се додека не се останат недостатоците,центарот за култура ќе биде затворен. Од Центарот за култура велат дека интензивно се работи на санација на недостатоците,проблем се административните работи кои одат бавно.Сепак очекуваат во текот на овој месец да бидат отворени вратите на овојобјект од областа на културата.

“При анализирањето на состојбата на инсталациите, утврдено е дека громобранот негде има прекин мора да се прави нов или истиот да се реконстуира, системот за автоматска дојава е веќе застарен и не може да  надграсува мора да се воспотави нов. Бидејќи се работи за пообемни работи кај нив веројатно ќе оди и со тендери и поголеми плаќања се додека не ги завршат обврските забраната ќе продолжи”-вели Сашо Тодороски-инспектор за заштита и спасување

Но проблеми нема само Центарот за култура, речиси сите воспитно образовни институции не само во Охрид туку секаде каде објектите се стари половина век немаат системот за автоматска детекција на пожари.

Реклама

” Само бидејќи се правени пред повеќе од 50 години немаат систем за автоматско откривање и јавување за пожар само таа мерка остана да се наложи.Меѓутоа бидејќи е од поголем обем пак треба да оди преку Совет преку тендери, битно ќе се заврши таа мерка.Другите плански документи и противпожарни мерки во целост се исполнети за градинките.Во Струга бевме по претставка во едно училиште, наложивме мерки, мисам дека ќе ги исполнат.И тие побараа продолжување на рокот бидејќи се работи за пообемни зафати  “-вели Тодороски

Училиштетото во Струга има рок од 60 дена да ги спроведат мерките согласно правилникот за заштита од пожари,во  спротивно ќе се соочат со санкции.Таму имало проблем со неисправност на котларата за греење,а не до сега не биле извршени контроли на громобрантска инсталација, хидрантска мрежа,а не биле проверени нити паничните светла во училиштето.