Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Целосно саниран Музејот на вода – Заливот на коските во Охрид

Еден од најпосетуваните и најатрактивни локалитети во Македонија, Музејот на вода „Залив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од најпосетуваните и најатрактивни локалитети во Македонија, Музејот на вода „Залив на коските“ кај Градиште кој што запуштен и заборавен,7 години се распаѓал,сега доби нив лик. Поради лошата состојба во која се наоѓаше возобновената праисториска наколна населба се превзедоа големи санациони активности на 24-те куќички направени од кал и гранки поставени на дрвена платформа во Охридското Езеро,со цел да се подобри и безбедноста на целиот музејски комплекс.

„Превзедовме доста чекори за реставрација на самата палафитна населба,на изложбениот простор во музејот,санитарните јазли,целиот комплекс и она што не се гледа тоа е наводнувањето ќе го решиме наскоро.Објавен е тендер и одбрана е фирма која ќе го спроведе тоа исто така со осветлувањето,вентилацијата итн”-вели Горан Патчев, директор на “Завод и музеј ” Охрид

„Посебна чест е што денеска сме тука и што за кратко време се вложува 15.милиони денари кои се со сопствено финансирање,не се нити од министерството за култура или од било кој, туку дирекно од самата институција.Што означува позитивно работење на институцијата и можност за понатамoшно вложување во сите оние работи кои што се потребни да се вложуваат, а се под Завод и музеј секако Општина Охрид е тука”-рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Реклама

Кога имаме една ваква енергија која што ја обединува локалната и централната власт тогаш резултатите и успехот се неизоставени, изјави премиерот Мицкоски на пуштањето во употреба на целосно санираниот Музеј на вода.

„Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат односно богатото културно наследство”-рече премиерот Христијан Мицкоски

Премиерот изрази задоволство од растот на туризмот во земјава.Според Државниот завод за статистика маја оваа година, во однос на истиот период лани бројот на туристи е зголемен за 22% ,а ако се земат во предвид првите 5 месеци од оваа година во однос на претходната,имаме 16 % повеќе туристи,а бројот на ноќевања е зголемен за 12 %. Во фокуст на оваа влада еден од значајните сегменти е и туризмот,истакна Мицкоски.