Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Царинска управа: Националниот едношалтерски систем се имплементира со вклученост на сите институции

Имплементацијата на Националниот едношалтерски систем ќе овозможи подобрување на условите за водење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имплементацијата на Националниот едношалтерски систем ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Притоа во процесот на имплементација на системот од клучно значење е активна вклученост на највисоко ниво на сите 15 институции коишто се вклучени во процесот на издавање на дозволи, лиценци и сертификати. Целта е компаниите да добијат подобри услуги преку целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури, како и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки, стои во соопштението на Царинска управа.

Ова беа клучните пораки на денешниот состанок на Управувачкиот комитет за Национален едношалтерски систем, што на иницијатива на директорот на Царинска управа Бобан Николовски беше одржан во Царинската управа. На состанокот беа присутни директори и високи претставници на 15 институции, претставници на Светска банка како финансиери на проектот и претставници од конзорциумот.

Националниот едношалтерски систем ќе овозможи компаниите на едно место да ги поднесуваат барањата и документите до повеќе владини агенции коишто се вклучени во прекуграничната трговија. Притоа новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на процесите на издавање дозволи и лиценци и нивно плаќање.

Реклама

Воедно системот ќе придонесе за поедноставување на процедурите, намалување на времето и трошоците за водење бизнис како и зголемување на транспарентноста. Истовремено преку колективно користење на податоците од страна на институциите, ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик и зголемување на безбедноста, соопшти Царинска управа.