Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

Царинската управа соопшти дека за 11 милиони евра е зголемена наплатата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа соопшти дека за 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра.

Паралелно со зголемената наплата, засилени се и контролите за спречување нелегална трговија.

-Во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во четири случаи беше спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги и беа поднесени кривични пријави против четири физички и едно правно лице, се наведува во соопштението.

Реклама

Од Царинската управа истакнуваат дека овие акции се насочени кон заштита на државниот Буџет и заштита на здравјето на граѓаните. 

-Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи подеднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција, нема простор. Така се создава здрава економија и се отвораат нови бизнис можности. Тоа е нашата одговорност. Но не само наша. Тоа е и одговорност на секој поединечен учесник во секоја поединечна царинска постапка. Транспортер, увозник, царински застапник, патник…И за секој од нив ќе важи кажаното затоа што носат одговорност и имаат обврска да се однесуваат законски, а не селективно и според лични моментални потреби и убедувања. Само според законот. И само тогаш ќе можеме да зборуваме за систем. Се друго ќе биде само импровизација. Ние како Управа треба да се стремиме да го достигнеме стадиумот кога не реагираме на веќе настанати проблеми и искушенија, туку истите  ги предвидуваме и анулираме пред да се случат- порача директорот, Бобан Николовски на денот на одбележување 34 години од Царинската управа.