Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Царината го стегна обрачот, рекордни заплени на границите

Ни игла веќе не може да влезе и излезе во и надвор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ни игла веќе не може да влезе и излезе во и надвор од Македонија без знаење на македонските цариници. Вчерашната заплена на рекордни половина милион евра на Богородица, за познавачите е само показател дека граничарите повеќе не замижуваат на едното око и не дозволуваат прекршување на законот. Изминатите неколку акции на заплени на дрога, девизи и злато се уште една потврда дека контролите на македонските граници се подигнати на значително повисоко ниво и дека цариниците, со зголемена внимателност и професионален пристап, успешно ги препознаваат и спречуваат обидите за прекуграничен криминал.

„Институциите покажаа дека имаат капацитет, знаење и кадровски потенцијал, како и намера чесно да се борат против сите видови криминал, особено организираниот, кој е рак-рана за Македонија. Се покажува дека има чесни намери да се работи ефикасно и професионално против сите видови криминал преку царинската линија. Зголемена е ефикасноста на царинските органи, особено по 2024 година, што го покажуваат и резултатите во извештаите на Министерството за финансии“, изјави поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.

За Ѓурчевски, покрај заплената на нелегална стока и материјали на границите, клучни се ефикасноста во работењето и соработката со останатите институции, како Јавното обвинителство, МВР и Управата за јавни приходи. Затоа што, доколку било која од нив потфрли, тоа ќе биде сламка за спас за криминалците.

Реклама

„Соработката помеѓу сите институции, на чело со Јавното обвинителство, е клучна и таа мора да биде на највисоко ниво. Управата за јавни приходи, полицијата, инспекциските служби – сите заедно. Доколку некој во овој систем потфрли, криминалците ќе најдат спореден пат за да го извршат криминалот“, изјави поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.

Дека цариниците се на ниво со нивните европски колеги, покажаа во изминатиот период неколкуте случаи на заплени на девизи, дрога и злато на границите низ Македонија. Вчера беше презентирана историската заплена на половина милион евра на Богородица, а имало и обид за шверц на околу 10 килограми марихуана во Стар Дојран, кои биле спакувани во пластични пакувања од еурокрем и павлака. На граничниот премин Богородица беше запленета и златна плочка вредна 4,5 милиони денари, која цариниците ја пронајдоа во чевел на патник.