Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни и шест се под контрола

На територијата на државата денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државата денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 6 се под контрола, а 5 пожари се изгаснати, информираат од Центар за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Маврово и Ростуше, каде над планината Бистра, кај Кириловец гори пасиште и Општина Струга, каде помеѓу селата Октиси и Белица гори сува трева и стрништа.

Под контрола се пожарите во Општина Зелениково, над с. Палиград – Преслап (мешана шума), во Општина Сарај кај с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација), Општина Струга кај селата Пискупштина, Буринец и Локов (нискостеблеста шума), во Општина Чучер-Сандево, кај Брест, м.в. Рамно, Скопска Црна Гора (шума), во Општина Ѓорче Петров, кај с. Грачани, на косовската граница над с. Кучково (шума) и во Општина Струга, помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума).

Реклама

Изгаснати се пожарите во Општина Шуто Оризари, кај Визбегово, позади хотелот „New Star“ (депонија), Општина Маврово и Ростуше м.в. Голем Брдаш (шума), Општина Прилеп, позади „Факултетот“ во Прилеп (ѓубре), во Општина Струга кај селото Ложани (ѓубре) и Општина Велес, кај базенот за вода над м.в. Поток (дива депонија).