Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 12…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државата денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола е пожарот во селото Белица, кај местото викано Кајорец (општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (општина Сопиште) каде гори нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати се пожарите во Општина Гази Баба: с. Инџиково – ниска вегетација; Општина Кисела Вода: ул. Малешевска – ниска вегетација; Општина Битола: кај Еврејските гробишта – ниска вегетација; Општина Битола: с. Карамани – ниска вегетација; Општина Дебар: кон Граничниот премин со Албанија – депонија; Општина Дебар: с. Џепиште – депонија и нискостеблеста шума; Општина Штип: с. Лесковица – деградирана шума, ниски растенија и ниска вегетација; Општина Штип: патен правец Штип – с. Шашаварлија – ѓубре и мал дел борова шума; Општина Карбинци: с. Крупиште – ѓубре; Општина Виница: с. Пеклани – ниска вегетација; и Општина Берово: м.в. Ширината – ниска вегетација.