Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЦУК: До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

На територијата на државава денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 24…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државава денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, пет се под контрола, а 11 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума); Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија); Општина Македонски Брод: с. Бенче (мешана листопадна шума); Општина Долнени: помеѓу селата Пешталево и Секирци (ниска вегетација и стрниште); Општина Бутел: кај Љуботенски Пат (ниска вегетација); и Општина Карпош: на бул. „Илинденски Пат“ (ниска вегетација и дрва).

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар); Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација); Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар); Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (шума); и Општина Струмица: над с. Стиник (шума).

Реклама

Изгаснати се пожарите во Општина Кичево: над с. Кнежино, м.в. Црн Камен (шумски пожар); Општина Ново Село: над с. Стиник (шума и ниска вегетација); Општина Карпош: с. Бардовци (ѓубре); Општина Берово: на патниот правец Берово – Струмица (ниска вегетација); Општина Радовиш: во близина на клучката на патниот правец Радовиш – Струмица (ниска вегетација); Општина Охрид: во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ (ниска вегетација); Општина Струмица: на подрачјето на град Струмица (ниска вегетација); Општина Тетово: кај муслиманските гробишта (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с. Осиче, место викано Рамни Камен (борова шума); Општина Старо Нагоричане: с. Стрезовце (ниска вегетација); и Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар).