Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Чудни пораки од засегнатите во „Рекет“- кон кого се упатуваат?

Кон кого точно се однесува оваа порака на адвокатот на Бојан Јовановски?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кон кого точно се однесува оваа порака на адвокатот на Бојан Јовановски? И не е прва, последниот период слушнавме повеќе вакви пораки што од судниците и обвинетите засегнати во „Рекет“ но и од други.

Речиси и никој да не верува дека во операцијата за изнуда на пари од бизнисменот Орце Камчев учествувале само тројца, се појавија сомнежи и за учество на многу други лица, меѓу кои има и за луѓе од власта.

Боки 13 на едно од рочиштата се пожали дека се чувствува како политички затвореник, а испрати и порака дека камерите од неговите дом ќе покажеле каде завршиле парите од Луј Витон торбата.

Реклама

-Оправдано се чувствувам како политички затвореник зашто „Рекет“ се повеќе личи на арена на политичките чинители кои своите битки ги водат преку овој случај. Се чувствувам загрозено и понижено и укажувам дека добивам закани за моја физичка ликвидација. Вештачењето од безбедносната камера од мојот дом ќе покаже кој и каде замина со торбицата со парите. Ќе сведочам за сите инволвирани, организатори, нарачатели, кажа Јовановски пред судот.

На првото рочиште во новата година на 3 јануари, помалку мистериозна порака кон поранешниот премиер Зоран Заев испрати и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа честитајќи им нова година на сите присутни во судницата упати куса порака која гласеше „Заев заврши“.

„Рекет“ остана на само двајца обвинети и еден осуден, но Бојан Јовановски како осомничен се појави и во нов случај, оној за Меѓународниот сојуз каде во улога на осомничена се појави и пратеничката и поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски. Во тој момент и таа испрати чудна порака кон власта, тврдејќи дека се работи за политички реваншизам во нејзиниот случај.

-Изборот на денешниот ден не е случаен, имајќи во предвид дека политичките амбиции на одредени лица се пресилни, за да земат во предвид било какви ангажмани мои во минатото… Јас не би коментирала повеќе, изјави Ременски на трети јануари годинава, изјави Ременски на трети јануари.

Дали сите овие пораки се индиректно упатени кон екс-премиерот Заев и неговата влада? И сите на овој или оној начин произлегуваат од луѓе кои се засегнати во „рекетот“.

Матеја Петровски