Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети, првите 30 им ги врачија министерката и градоначалникот

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Аеродром, Дејан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, денеска  симболично поделија триесетина таблети на четвтоодделенци во ОУ „Љубен Лапе“, кои се дел од вкупно 850 таблети коишто ќе ги добијат сите четвртоодделенци на територија на Општина Аеродром. 

Митески изјави дека Општина Аеродром оваа мерка ја спроведува петта година по ред и дека е една од низата мерки. Соопшти дека од утре ќе почне и делењето бесплатни училишни униформи за сите основци во Аеродром. 

-Како општина веќе ги поддржуваме сите семејства коишто имаат првачиња со финансиска помош. Континуирано работиме и инвестираме во подобрување на условите на образованието и се трудиме сè што е наша обврска – да создадеме услови за сè подобро учење, односно подобро следење на наставата да го направиме. Соработката со Министерството за образование и наука е одлична и имаме навистина голема помош во спроведување на образовниот процес на територија на Општина Аеродром, рече Мистески. 

Реклама

Според министерката Јаневска, донирањето таблети од општината треба да продолжи и во иднина затоа што, рече, на децата им требаат дигитални уреди за да може да следат настава и да стекнуваат знаења. 

-Им ги поделивме денеска таблетите и им посочивме дека треба да ги користат во правец на образование. На овој начин обезбедуваме и еднаквост меѓу учениците, затоа што образованието треба да биде достапно за сите. Му благодарам на градоначалникот и на Општината за оваа акција која помага за еднаквост меѓу учениците и модерно спроведување на наставата. Продолжуваме да работиме заеднички со општините во корист на образованието и генерално во корист на учениците, истакна Јаневска. 

Митески изјави дека во половина од основните училиштата во Аеродром е воведена едносменска настава – комплетно во „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“. Како што рече, во седум од вкупно девет одделенија е воведена во ОУ „Димитар Македонски“, се прави доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ и очекува да биде завршена до крајот на ова полугодие и од второто полугодие и таму да биде воведена настава во една смена во седум од вкупно девет одделенија. 

​Министерката Јаневска во изјавата од ОУ „Љубен Лапе“ додаде дека има неколку општини во Скопје и во други градови каде што малку ќе се пролонгира овој процес, затоа што ќе треба дополнителни просторни услови. 

-Во ова училиште и во овој двор нема можности за доградба, но ќе бараме решенија со оглед на тоа каде што ќе има повеќе деца, повеќе население, ќе бараме други начини да го решаваме овој проблем – можеби училишта ќе градиме, таму каде што има простор ќе доградуваме. Сѐ правиме за да го спроведеме она што ќе биде најдобро за децата, истакна Јаневска.

Како што рече, цела земја е „една голема градежна парцела“ затоа што многу училишни згради се реконструираат, адаптираат, доградуваат, како и спортски сали и спортски терени. 

-Значи, сѐ што е во наша можност — правиме. Правиме некаква приоритетна листа по критериуми. Мене ми е жал што затекнавме таква состојба, веројатно и по нас и пред нас има слични ситуации. По приоритет ќе се трудиме да овозможиме најдобри можни услови, според можностите кои ги имаме, и за учениците, и за наставниците, посочи министерката. 

​ ​Директорката на ОУ „Љубен Лапе“, Фоника Станоева,  изјави дека оваа година запишале 130 ученици во пет паралелки. 

-Поголеми предизвици немаме и се надевам дека така и ќе остане. Учениците на време ги добија учебниците, сега и четвртоодделенците ги добија своите таблети, просторните можности ни се солидни, рече Станоева.