Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Четиригодишното девојче од Струмица во стабилна состојба – зошто социјалните служби постојано портфрлаат?

Хорор случајот со девојчето од Струмица кое во тешка состојба заврши на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хорор случајот со девојчето од Струмица кое во тешка состојба заврши на детската клиника во Скопје ја потресе јавноста и уште еднаш ја отвори дилемата дали и колку социјалните служби функционираат ревносно. Четиригодишното девојче кое неухрането и со скршеници заврши на Детска клиника за среќа е во стабилна состојба, но како и од што ги добила повредите се уште е нејасно. Мајката тврди дека тие биле последица на напад на куче, што засега не може да се потврди. По барање на обвинителството треба да се направат вештачења па потоа да се утврдат причините.

Во меѓувреме, трите малолетни деца од семејството на повреденото девојче ќе бидат сместени во згрижувачко семејство. А со мајката на детето ќе работи стручен тим од Центарот за социјални работи.

Штом Центарот утврди дека мајката ги има капацитетите да може да се грижи за децата да и бидат вратени, а дотогаш тие ќе бидат згрижени во згрижувачко семејство, каде ќе им бидат обезбедени сите услови за нормално детство на трите малолетни деца, а секако истражните органи ја водат постапката и потоа по утврдување на фактите ќе бидат пртеземени дополнителни мерки од страна на МТСП, односно Центарот за социјална работа”, рече Тренчевска.

Реклама

Дека нема рана детекција за семејно насилство покажува и претходниот случај, каде пред неколку недели поради тешки повреди почина двегодишно дете од Кичево, за кого мајката првично кажуваше дека се последица од игра. Но подоцна првичната истрага на полицијата покажа дека е жртва на семејно насилство за што е осомничен таткото.