Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Четири рочишта против Мерко во струшкиот суд

Скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,а пет месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда го седна Рамиз Мерко на обвинителна клупа.Toj на главната расправа пред судот рече дека не се чувстувал виновен. Во обнителениот акт стои дека како градоначалник во март лани, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. Во својство на сведок се појави заменик министерот за правда Ален Деребан,кој во тоа време беше советник и е еден од 39-те граѓани на Струга кои поднеле претставка до комисијата за заштита од дискриминација.

“Очекувам дека судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда со која што во иднина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи и спомен обележја од контроверзни личности од историсата со кои се задира во уставниот поредок на Р.Македонија” –рече Ален Деребан –сведок

Во струшкиот основен суд требаше одново да почна и судењето за спорната набавка на службеното луксузно возило „Ауди А6“,судски процес кој се влече од месец април лани, но беше одложено поради смена на судијата кој треба да го рагледа барањето на правните застапници на Мерко според кои ова кривично дело е застарено.

Реклама

 “Сo оглед на тоа дека колешката замина сите предмети доаѓаат кај мене и кога се променува судечкиот судија предметите почнуваат од ново.Има листа на докази, имаше некои спорни околности кои треба да се разрешат, меѓутоа сето тоа ќе ги видиме дирекни на самата расправа”-рече судијата  Јордан Јованов

Мерко буквално до попладневните часови не излезе од судница, тој се товари и за незаконско поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко.Во судница во улога на сведок се појави екс министерот на образование Јетон Шаќири. Го прашавме дали знаел дека во Струга назначувале директори кои не го исполнувале условите за таа фунција?

 “Кај мене не е доставен предлог извештај од страна на секторот за осново образование за конкретните ситуации.Тоа оди комунукација помеѓу просветен инспекторат, кабинет,одговорна правна служба,но не се доставени предлози.Причината не можам да ја кажам”-рече Јетон Шаќири,поранешен министер за образование

Против  Мерко до овој момент се водат вкупно 9 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна. Судењата за истите продолжуваат на 5 и 6 март.