Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Четири нови возила доби штипската подружница на АД Пошта

Четири нови современи возила денеска доби подружницата на АД Пошта во Штип, со кои се очекува да се подобри услугата кон граѓаните и да се олесни работата на возачите и поштарите на терен. Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши изјави дека возилата се опремени со современа опрема и ги исполнуваат потребните стандарди за безбедно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири нови современи возила денеска доби подружницата на АД Пошта во Штип, со кои се очекува да се подобри услугата кон граѓаните и да се олесни работата на возачите и поштарите на терен. Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши изјави дека возилата се опремени со современа опрема и ги исполнуваат потребните стандарди за безбедно и ефикасно извршување на поштенските услуги. 

-Ние како подружница одлучивме од вкупниот број на возилата, четири да доделиме и за подружница Штип, а се надевам дека ќе и помогне во работењето на поштенските услуги што ги нудат спрема граѓаните. Се надевам дека ќе имаат поефикасна и поефективна работа на терен. Очекувам да имаме подобри резлутати од минатото. Oчекувам дека ќе имаме подобри резултати во наредните месеци. Мислам дека доволно ќе им се овие коли, според нашите анализи излегува така, а ако има потреба ќе им дадеме уште возила. Тоа ќе го знаме во нарените месеци-рече Куртиши.

 Станува збор за најнов модел на возила, опремени со климатизација, навигација, камера и сензори. Освен што нудат поголема удобност за возачите, тие имаат и капацитет за транспорт на поголема количина пратки.

Реклама

-Tипот на возилото е „фиат дабло“, најновен модел 2026 година. Во однос на корисници да возилата, би сакал да напоменам дека се подобруваат условите за работа, односно на возачите кои што ќе ги користат овие возила. Возилата имаат најсовремена опрема климатизација, навигација, камера, сензори, ќе им се олесни мнгоу работата. Во однос на товарниот дел, каде што ќе треба да ги пренесуваме пакетите и писмата, согласно спецификацијата, тежината која ја пренесуваат овие возила е 750 килограми, сосема доволно – вели Николчо Угринов, заменик директор на АД Пошта.

 Од вкупниот број нови возила, по едно ќе биде распределено и во работните единици во Свети Николе и Пробиштип, со цел да се подобри квалитетот на доставата и услугите кон граѓаните. 

-Oва значи висок квалитет на достава на пратките, преземање на пратките и предавање на самите странки. Ќе има висок квалитет на достава. Воедно ова значи и самите работни единици Свети Николе и Пробиштип да им предадеме по едно возило- рече Коце Пилатов директор на подружницата во Штип.

Тој додаде дека недостасуваат поштари, како и повеќе луѓе за повеќе работа. Моментално имаат 63 вработени за подружницата Штип, под која спаѓаат и Свети Николе и Пробиштип.