Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Четири нови случаи на голема кашлица, родителите растрчани да ги вакцинираат децата со „ди-те-пер“

Големата кашлица страв и трепет за родителите но и за децата.Вакциналните пунктови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големата кашлица страв и трепет за родителите но и за децата.Вакциналните пунктови се полнат.Се повеќе граѓани ги носат своите деца на вакцинација со „ди-те-пер“.Истовремено расте бројот и на заразени со голема кашлица – потврдени се уште четири нови случаи во Скопје. Родителите стравуваат за здравјето на своите деца, велат децата мора да бидат имунизирани за да нема ширење на болеста.

Педијатрите апелираат до родителите да не ја игнонираат вакцинацијата, и децата да се вакцинираат во поголем број.Алармот на Комисијата за заразни БОЛЕСТИ за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје го зголемила двојно бројот на вакцинации на дневно ниво.

“Ако вообичаено бројките на дневно ниво ни се меѓу 20 и 30, денеска и тоа засега, бројката ни е двојно поголема. Тука е нели стравот на родителите, но и мерката за забрана во градинките за невакцинираните”, изјави Сања Цилевска Младеновска, доктор педијатар.

Реклама

“Пред да ги вакцинираат децата, родителите најчесто прашуваат зошто да се примаат вакцините во толку рана возраст, кој е производителот на вакцините, кои се несаканите реакции од примената вакцина” – велат педијатрите.

Комисијата за заразни болести пред три дена препорача децата коишто не ги примиле редовно вакцините „дитепер“ да не одат во градинка.

Од понедленик родителите ќе мора да ги ажурираат податоците за вакциналниот статус на нивните деца. Потребно е да поднесат фотокопија од картон за имунизација или медицинска потврда.

А од Министерството за труд и социјала најавија инспекции во градинките кои треба да утврдат колку од децата ги примиле трите дози на ди-те-пер.

Инаку, во Македонија опафтот на вакцината дитепер изнесува само 66 проценти и е далеку под потребната граница од 95 отсто.