Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Четири нови случаи на голема кашлица – до родителите се апелира да не ја игнорираат имунизацијата

Расте бројот на заразени од голема кашлица – нови четири случаи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на заразени од голема кашлица – нови четири случаи за само 24 часа. Со тоа бројката на пацинети со пертусис се искачи на 22. Докторите предупредуваат дека состојбата станува алармантна.Освен на Детска клиника, хоспитализирани има и во Козле. На болнички третман се две доенчиња кои засега се во стабилна состојба. Педијатрите стравуваат дека бројките ќе растат поради нискиот опфат со Ди те пер вакцината.И апелираат до родителите, да си ги вакцинираат своите деца. Според педијатарот Андоновски, најизложени  на заразување се новореденчињата.

“Тaa состојба може да биде најопасна кај новороденчињата и малите деца.Заболување кое што е предизвикано од бактерија пертусис и ширум позната дека е бактерија што мислевме дека е искоренета а сега имаме случаи на заболени.Апелирам до сите родители, да ги согледаат сите можни причини за опасност за здравјето на нивната иднина вели др.Ангелчо Андоновски, педијатар.

Според педијатрите, само со поголем опфат на вакцинација може да се намали бројот на заболени од голема кашлица.

Реклама

Препораките кои ги слушнав од Комисијата си имаат свое место и свои начин на прилагодување, но мораат да бидат точно и правилно специфицирани.Сметам дека Комисијата се што донесе како препораки се уште треба да заседава уште неколку пати за да ја следи ситуацијата. Апелирам да нема паника на наслението, но овој пат здравствената свест и култура треба да да се покрене” – вели доктор Андоновски.

Епидемија на голема кашлица во Скопје и забрана во градинки на невакцинирани со Ди Те Пер. Овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести откако веќе  се појавија нови потврдени случаи на пертусис.

Една од препораките на Комисијата е и организирање на работата во вакцинаните пунктови во две смени и дополнително, во сабота да примаат деца за вакцинација. Се со цел да се зголеми опафотот на имунизација.

Последниот збор за ваквите препораки ќе го има Владата.