Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Четири дена ниту трага, ниту глас од исчезнатата Вања – потрагата продолжува, експертите бараат подетална истрага

И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага. Се прегледуваат камери, социјални мрежи, телефони, се сослушуваат сите од кои може да излезе информација повеќе за исчезнатото девојче. Кримилозорите алармираат дека потребна е подетална истрага од страна на МВР, за да се дојде до вистината, зошто и како исчезнала тинејџерката.

“Треба да се направат подетални проверки, од она што значи семејство опкружување, училиште и други нејзини активности од редовното школо. И врз основа на тие детални разговори, да се постават неколку верзии, односно претпоставки, како и на кој начин може да исчезне. Дали имаме класично грабнување или имаме исчезнување по основ на било кој друг начин, доброволен  или полудоброволен” вели професорот Стефан Баџуковски.

Професорот Баџуковски, предупреди дека е алармантно тоa што во последниов период има зголемување на исчезнати луѓе.

Реклама

“Македонија и другите региони пошироко и во светот, посебно во посиромашните земји има честа појава на исчезнувања на деца тоа е тесно порврзано со трговија со луѓе и органи.Меѓутоа за конкретниот случај не можеме да констатираме дека Вања е грабната или киднапирана, мора прво се да се провери и да се доближиме до вистинските верзии ” – изјави Баџуковски.

Алармот е вклучен и во регионот, по исчезнувањето на Вања.  Четири дена се врти незината фотографија и апел , кој има некакви информации да помогне да се пронајде.

Макеоднската јавност е на нозе, родители, соученици,ловџиите  сите се вклучени да помогнат во потрагата.  Залепени се и плакати по улиците со информации и фотографија од девојчето.

Вања е висока 175цм, околу 58 кг тешка, со кафеава коса и кафеави очи, бемка на десната страна од лицето, носела протези на забите. Од дома излегла облечена во црни пантолони со странични џебови, син дуксер, кратка црна зимска јакна, бели патики најк со кафеави линии и со неа носела школски ранец и мобилен телефон.

Ања Лукарова