Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Честитка на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание

Нека е вечен Денот на народното востание, да ги почитуваме жртвите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нека е вечен Денот на народното востание, да ги почитуваме жртвите и хероите и заеднички да градиме подобра иднина за сите во Македонија ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честита Денот на народното востание, ден кој покажа дека со сплотеност, упорност и жртва може да се оствари вековниот сон за слободна и независна Македонија, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Народното востание е продолжување на идеалот на Илинденците кои со голема жртва го платија сонот за независна држава, но кој го задржа духот и кај следните генерации, за сега ние, сегашните генерации за ги уживаме целосно правата и обврските на независноста.

Во таа борба на народното востание против фашизмот и окупацијата, пред олтарот на слободата, Македонија даде бројни знајни и незнајни јунаци, кои без да размислуваат за себе и своите семејства, влегоа во борба за ослободување и одбрана на заедничкиот дом.

Реклама

Затоа, сега на сите нам ни е обврска тој заеднички дом Македонија, стекнат со многу труд, жртва и страдање заеднички да го развиваме и унапредуваме, за државата да биде просперитетна, со развиена економија, образование, здравство.

Држава во која младите генерации своето семејство и иднина ќе ја градат тука, а не по белиот свет и тоа не е обврска само на една владина гарнитура, туку на сите општествени и политички чинители.

Затоа, сите заедно, Македонија да ја направиме подобро место за живеење, во која ќе се почитува и вреднува жртвата на хероите и ќе се гради иднината на новите генерации.

Нека е вечен Денот на народното востание и споменот на паднатите борци.