Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Честитка на вицепремиерот Стоилковиќ по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ  упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ  упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, во која се посочува дека празникот претставува историски пресврт и симбол на борбата против фашизмот и копнеж за слобода и достоинство на македонскиот народ.

– На овој ден се сеќаваме и им оддаваме највисока почит на сите храбри борци кои ја вградија својата жртва во темелите на нашата слобода и државност. Востанието од 1941 година не беше само воена пресметка, туку и морална обврска – организирана, храбра и праведна борба за човекови права, еднаквост и самоопределување. Беше моментот кога македонскиот народ, заедно со сите заедници што живеат на овие простори, ја избра иднината на независна и демократска држава, вели тој.

Стоилковиќ порачува празникот да биде потсетник дека преку меѓусебна почит, инклузивност и градење на заедничка иднина можеме да обезбедиме траен мир, стабилност и напредок.

Реклама

– Да ја чуваме слободата и одговорно да ја градиме иднината за генерациите што доаѓаат, посочува Стоилковиќ во честитката.