Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Чамците и скутерите летово со ограничено пловење на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро

Чамците и скутерите ова лето ќе имаат ограничен режим на пловење на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро во согласност со одлуката што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Со одлуката се предвидува ограничување на пловидбата на скутери во периодот од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чамците и скутерите ова лето ќе имаат ограничен режим на пловење на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро во согласност со одлуката што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата.

Со одлуката се предвидува ограничување на пловидбата на скутери во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година во термин од 11 до 19 часот.

Воедно, се воведува и ограничување за пловидбата на чамци во ноќните часови, и тоа од 3 јуни до 31 август од 21 до 5 часот, од 1 септември до 30 септември од 20 до 6 часот и од 1 октомври до 31 октомври од 19 до 6 часот.

Реклама

Од Владата наведуваат дека одлуката е донесена со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување загрозување на безбедноста на капачите и обезбедување непречено користење на езерските води, како и зачувување на јавниот ред.

Надлежните служби ќе вршат засилени контроли, а за непочитување на пропишаните ограничувања, ќе бидат преземени соодветни мерки во согласност со законските прописи.

Воедно, се апелира до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи.