Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Инфлацијата на стабилно ниво и покрај поскапувањето на нафтата и на транспортот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата на стабилно ниво и покрај поскапувањето на нафтата и на транспортот. За само еден месец, речиси и да не се забележуваат промени, трошоците за живот се зголемени за минимални 0,1%. Она што радува е тоа што, во јули храната и безалкохолните пијалоци поевтиниле за 1,1%. Кај земјоделските производи има пад од нешто над 3%. Поевтинување има и кај прехранбените, индустриските производи и пијалоците. Минимално намалување од 0,2% има кај облеката и обувките. Пад од 1,4% има во делот покуќнина и одржување на домаќинства. Инфлацијата е најмногу резултат на поскапиот транспорт за 4,4%.

Инфлацијата во јули е 2,3% на годишно ниво. Ова е намалување, бидејќи во јуни беше 3,4% споредено со истиот месец лани.

Од Mинистерството за економија и труд задоволни што храната поевтинува веќе втор месец по ред. Велат дека редовно ги следат движењата на цените преку анализите на набавните  ирподажните цени на бруто-профитните маржи.

Реклама

„Државниот пазарен инспекторат продолжува со редовни и засилени инспекциски контроли за да се спречат евентуални злоупотреби и неоправдани поскапувања. Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија – храната, веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените“ – велат од Mинистерството за економија и труд.

За Министерството за финансии, намалувањето на инфлацијата е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата.

„Во април, инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7%, во мај 4,8% и во јуни 3,4%. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат и извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи заклучно со јули“ – велат од Министерството за финансии.

Надлежните велат дека доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушување на пазарот, ќе реагираат навремено и ќе ги искористат сите механизми што стојат на располагање за заштита на куповната моќ на граѓаните.