Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Економија

Царовска: казни за фирмите кои не ги исплатиле работниците

Фирмите под итно да им го исплатат сработеното на работниците. Владата ги…

Сподели:

Фирмите под итно да им го исплатат сработеното на работниците. Владата ги опомена компаниите кои земале државна помош, но не им ја дале во вид на плата на вработените. Ако тоа не го сторат во предвидениот рок, од Владата веќе најавија дека ќе побараат од Јавното Обвинителство да покрене постапка за утврдување кривична одговорност против одговорните лица во компаниите.

„Платите итно треба да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од нивна страна, ова е голем пропуст којшто е направен и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи. Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни и за истото наскоро ќе бидете известени“ – вели Царовска.

Познати се имињата на газдите кои не им исплатија минималец на вработените или пак им дале нецелосна сума.

Реклама

На неславното прво место се наоѓа поддружница на компанијата „Викторија Инвест“ од Елбасан Албанија која работи во областа на нискоградбата. Фирмата вработува 86 луѓе, а земала околу 10 илјади евра кои не ги поделила како априлска плата. Втора е велешката фирма за производство на леб „Жито Вардар“ која има 17 вработени, а приграбила 3.700 евра. Трета е „Изи холдинг“ од Струга која се занимава со трговија на мало и која зела 3.400 евра за 15 луѓе.

Се работи за 708 компании кои земале пари за исплата на априлска и мајска плата, но парите никогаш не легнале на трансакциските сметки на работниците. Овие фирми не исплатиле 162 илјади евра по основ плата за месец април и 222 илјади евра за месец мај, Оштетени се 1.700 работници кои останале без примања, а дури 52 илјади луѓе добиле пониска плата од минималната.

Во меѓувреме, дел од фирмите под притисок на јавноста почнаа да ги исплаќаат платите за работниците.

Синдикатите , пак, се дигнаа на нозе. Велат дека УЈП доцна ги објавила злоупотребите на кои тие алармирале со месеци и побараа кривична одговорност и најстроги санкции за сите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Најголем дел од компаниите кои ги вршеле злоупотребите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци, служење храна и транспорт. Најголем дел од овие фирми се од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и Куманово.

Тања Попова