Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Бујар Османи најавува итни мерки во првите 100 дена: Чистење на Чаир, борба против корупцијата и решение за дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи најави конкретни и итни мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи најави конкретни и итни мерки кои ќе ги преземе веднаш по преземањето на функцијата: масовно чистење на општината, формирање механизам за бескомпромисна борба против корупцијата и итно решавање на сите предмети и барања за легализации на објекти од граѓаните, се наведува во соопштението на Бујар Османи.

„Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму“, рече Османи, додавајќи дека тоа е најлесната, но најважната работа која им го отежнува животот на луѓето.

Османи јасно го дефинираше и вториот критичен приоритет, а тоа е борбата со корупцијата.

Реклама

„Ако во првите сто дена не ја сведам корупцијата на нула во Чаир, нема да продолжам понатаму“, истакна Османи.

Во однос на дивоградбите и на правната несигурност што ја чувствуваат граѓаните, Османи најави итни активности за справување со овој проблем и заштита на граѓаните кои биле измамени при купување станови.

„Ако во првите шест месеци се појави некоја папка за легализација во фиока за да се уценуваат луѓето кога ќе дојдат избори, нема да продолжам понатаму. Ќе ги решиме сите документи и барања за легализација, затоа што само така се работи“, потенцираше изјави Османи.

Тој ја стави својата лична одговорност и досегашните резултати како гаранција за исполнување на ветувањата.

„Во секоја задача што сум ја имал, дури и најтешките, сум излегол со резултати. Затоа што, ако продолжиме вака, нема да има повеќе надеж. Луѓето ќе ја изгубат надежта, една група ќе продолжи да се богати на ваш грб, како што тоа го прави дваесет години, а нашите деца ќе ја бараат првата можност да го напуштат Чаирот. Ова мора да го запреме заедно“, нагласи Османи.