Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Бујар Османи: Излезете и гласајте на 19 октомври

На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец на историјата. Ова, во интервју го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и уште еднаш направи паралела помеѓу денот на гласањето со 13-ти август, стои во соопштението на кандидатот на НАИ за Чаир.

„Затоа реков, 19-ти октомври е ‘вториот 13-ти август’. Како што денес сите прашуваат ‘каде беше на 13-ти август’, ќе прашуваат ‘каде беше на 19-ти октомври’, изјави Османи.

Според Османи, токму сега е создаден моментот кога историјата се наоѓа на крстопат и кога со одлука, мора да се наруши комфорот и удобноста.

Реклама

„Јас влегов во оваа битка како ‘работник’, чувар на курсот и на жртвата на луѓето, на нивната пот и крв“, рече Османи.

Тој вели дека нема никаква лична амбиција за кариера во Чаир, бидејќи во својата политичко дејствување ги има достигнато сите можни домашни и меѓународни позиции.

„Јас не сум како мојот противкандидат, кој по 12 години како градоначалник, во кои ја уништи општината и се пресели во Бутел, сега повторно се враќа да бара доверба“, рече Османи.

Според него, Изет Меџити веќе еднаш ја има предадено сопствената организација, сопствениот лидер, активистите што работеле за него, и повторно бара шанса.

„Затоа, сакам да им се обратам на гледачите: Излезете и гласајте! Особено во Чаир. На нас ни падна товарот да го исчистиме овој „лабораториум“ што сака да инсталира концепти спротивни на нашите вредности“, потенцираше Османи.