Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Свет

Бугарија – авионoт на Фон дер Лајен попречен од GPS застој над Пловдив, дочекана со протести и блокади со руски знамиња

Авион што ја превезувал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авион што ја превезувал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бил попречен преку кочење на GPS сигналот, за кој бугарските власти се сомневаат дека е резултат на руско влијание. Таа престојува во Бугарија како дел од турнејата низ источните земји-членки на Европската унија, за разговори околу напредокот во изградба на одбранбена инфраструктура како одговор на руската агресија.

Според портпарол на Комисијата, властите во Бугарија утврдиле дека инцидентот со GPS сигналот, кој влијаел на навигацискиот систем на авионот, најверојатно бил инициран од Русија. Авионот безбедно слетал, иако интерференцијата го погодила аеродромот во бугарскиот град Пловдив. „Свесни сме дека заканите и заплашувањето се редовен дел од непријателските дејствија на Русија,“ се наведува во соопштението на портпаролот.

Фон дер Лајен во Бугарија ја дочекаа протести со руски знамиња и блокади. Таа ја посети фабриката за производство на оружје, заедно со бугарскиот премиер Жељасков и со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Протестите ги предводела проруската партија „Преродба“ на Костадин Костадинов. Посетата доаѓа по објавата на германската компанија за производство на оружје „Рајнметал“ дека ќе изгради две нови фабрики во Бугарија и ќе ја прошири фабриката во Сопот.