Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Брутално убиство во Скопје: Со нож до смрт избоден доктор пред Поликлиника Железара

Брутално избоден до смрт доктор од Скопје. Матичниот лекар Ацо Трповски Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брутално избоден до смрт доктор од Скопје. Матичниот лекар Ацо Трповски Според неофицијални информации со 9 убодни рани бил убиен во неговиот автомобил на паркингот пред поликлината Железара. Од МВР соопштуваат дека тој синоќа бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако од работа не се вратил дома.

-На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Причините за ова брутално убиство засега остануваат непознати.

Реклама

Трагите од крв на паркингот пред Поликлиниката Железара остануваат сведок на она што се случило на паркингот, каде што до смрт брутално беше избоден 67 годишен матичен лекар од оваа Поликлиника Железара.

За расветлување на убиството на лице место увид извршил и дежурен јавен обвинител од скопското Обвинелство.

-Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, велат од ОЈО.

Итна разрешница на убиството бара и Лекарската комора. Изразувајќи загриженост велат дека ова предизвикало силна вознемиреност кај докторската фела.

-Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат. Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем, велат од Лекарската комора.

Пред грозоморното убиство според одредени информации докторот Ацо Трповски присуствувал на настан на една фармацевтска компанија. 

Матеја Петровски