Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Бројот на ученици се намалува – аларм за иднината на државата

Белата чума го зема својот данок,бројот на ученици кои се запишуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Белата чума го зема својот данок,бројот на ученици кои се запишуваат во основите и средни училишта во целата држава е се помал.Ова е хроничен проблем кој се провлекува веќе четврта деценија-укажуваат универзитетските професори

Ние направивме едно општество во кое не ги задржавме младите кај нас, младите сеуште не ја гледаат иднината во своите градови, во својата држава и многу од нив се иселуваат сеуште.Знаеме дека Македонија според најновите информации е земја со огромен број на иселеност меѓу првите 2-3 во Европа.Исто така со огромен пад на наталитетот, што заедно гледано двата параметри навистина се една страшна прогноза за иднината на оваа држава”-вели Деса Косаркоска,универзитетски професор

Идните генерации ќе ги задржиме само ако целосно ја смениме филозифијата за развој на нашето општество,младите не заминуваат само од финансиски причини,тие бараат подобро образование,култура,можности за напредок,европски стандарди.И во една ваква ситуација Советите на општините се принудени да носат одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволениот минимум.Во Охрид идната учебна година во основните училишта ќе има паралелки со по 4 до највеќе петнаесетина ученици.Во период од 10 години, бројот на основци и средношколци е намален за 100.

Реклама

И не треба да се стравува во однос на кадровската и наставната структура, таа сепак ќе остане стабилна и менаџерските тимови  нормано без оглед на тоа што ние даваме согласности за помал број на паралелки, ни еден наставник нема да остане без работа.И се надевам дека токму оние работи што ние како општина и Владата на Македонија ги превземаме, ќе бидат потик за да понатаму не се соочуваме со вакви работи”-велиПерчо Божиноски-претседател на Совет

Ние сме одна од ретките општини кои даваат еднократна патрична помош од3.000 денари,првенците нагенерација парично ги наградуваме,дававме стипендии  за талентираните ученици,се со цел да се намали тендецијата на празнење на училишните клупи вели Божиноски и сеуште има училишта во руралните средни со по еден ученик.Во последните 8 години бројот на новороденчиња во државава е намален за 30%,а во период од десет годиниод 2010 до 2020 се иселиле околу 70.000 македонци.

Владата предвидува сет мерки со кои се намалат овие лоши статистики.Се предвидуваат шест бесплатни ин витро процедури, како и финансиска стимулација за прво и второ дете.Потоа се предвидува ослободување од персонален данок на доход за мајките, една година за прво дете, две за второ, а за трето и повеќе секоја година да биде ослободена, се додека првото дете не стане полнолетно.