До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани за околу година и пол соп. Смарт броилата е само една од реформите кои ги носи новиот закон за енергетика. Со ова ќе се елиминираат паушалите на сметките. Во меѓувреме граѓаните на сметките ќе можат да прочитаат колку од наплатеното е потрошена електрична енергија, а колку паушал и ова се очекува да се случи од јулската сметка. Според надлежните се отчитуваат 85 отсто од броилата, таму каде што не се отчитува станува збор за затворени објети или објекти каде што неможе да се влезе
Новиот закон за енергетика според надлежните претставува историска реформа во македонскиот енергетски систем. ќе придонесе за ефикасност и отчетност во енергетиката, со јасни придобивки од бенефит ќе имаат и граѓаните и компаниите. Со законското решение ќе се овозможи ранливата група на граѓани да не бидат исклучувани од струја во текот на зимата.
До 2033 загубите на струја треба да се намалат под 10 отсто. Континуирано и плански се работи на намалување на загубите. Најмногу се регистрирани во Скопје, Гостивар и Штип
