Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Балкан

Брнабиќ: Ситуацијата на Косово е најсериозна до сега, Курти сака да предизвика војна

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ истакна дека ситуацијата на Косово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ истакна дека ситуацијата на Косово и Метохија е најсериозна досега, бидејќи по сè изгледа, косовскиот премиер Аљбин Курти сака етничко чистење на Србите и да предизвика конфликт со Белград.

„Тоа е затоа што ми се чини дека Курти нема ниеден друг избор или излез од својата политика, освен да предизвика оружен судир, односно војна со Белград и поради тоа тој е најбезобѕирен до сега, бидејќи целосно е притиснат до ѕид и тоа е неговиот единствен излез“, кажа таа за Јуроњуз.

Од друга страна, таа истакна дека „во наш интерес е тоа што претседателот на Србија Александар Вучиќ се труди да го зачуваме мирот“.

Реклама

Со тоа што, како што додаде, не смее да се дозволи малтретирање на српскиот народ на Косово и Метохија, како и одземање на имотот и недостиг на каква било правна сигурност.

Напомена дека е исклучително тежок животот на Србите на Косово, бидејќи повеќе не можат да примаат плата ниту да купуваат роба од централна Србија.

„Апсолутно сè води кон тоа што го зборуваше Вучиќ во Советот за безбедност на Обединетите нации, а тоа е свесно предизвикување на невозможни услови за живот на Србите на Косово и Метохија, со што Аљбин Курти свесно предизвикува етничко чистење и тоа сега на сите им е јасно“, истакна Брнабиќ.

Според неа, голем проблем е што сето ова се случува пред очите на меѓународната заедница, односно Еулекс и Кфор.