Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Божиновска: Стручното образование е една од клучните основи за идниот развој на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, по повод почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, по повод почетокот на новата учебна година, го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски, наставниците и учениците и се запозна со наставниот процес, практичната обука и условите за образование.

На првиот училиштен ден министерката им се обрати на учениците посочувајќи дека стручното образование е една од клучните основи за идниот развој на државата и дека професионалните вештини ќе имаат сè поголемо значење во услови на забрзан технолошки и економски развој.

– Нема мала или голема професија. Има професионалност, знаење и посветеност. На една модерна економија ѝ се потребни и инженери и техничари, и програмери и автомеханичари, и електричари и механичари, и мајстори и претприемачи. Затоа, драги ученици, ценете го знаењето што го стекнувате овде. Не учите само за оценка и не учите само за диплома – учите професија – порача Божиновска.

Реклама

ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ има повеќе од 60 години традиција во стручното образование и денес е најголемото државно средно училиште во општина Велес, со речиси 980 ученици. Во училиштето се реализира образование во машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителско-туристичката струка, со повеќе образовни профили, меѓу кои машински техничари, автомеханичари, електротехничари, техничари за компјутерска техника и автоматика, техничари за индустриска мехатроника, техничари за транспорт и шпедиција, готвачи и келнери.

Особено значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има образовниот профил електротехничар-енергетичар, кој директно се поврзува со потребите на енергетскиот сектор.

– Енергетскиот сектор денес е во период на големи промени. Македонија гради нов енергетски систем, вложува во обновливи извори, во соларни и ветерни електрани, во модернизација на мрежата, во складирање енергија и во нови технологии. Но, ниедна електрана, ниедна мрежа и ниедна нова технологија не може да функционира без квалитетни луѓе – истакна министерката.

Таа нагласи дека во иднина ќе има сè поголема потреба од кадри што ќе знаат да работат со паметни мрежи, батериски системи, автоматизирани постројки, дигитални системи и нови енергетски технологии.

– Кога денес зборуваме за енергетската иднина на Македонија, не зборуваме само за мегавати, електрани, далноводи и инвестиции. Зборуваме и за вас. Енергетската транзиција не е само технолошка промена. Таа е и промена во знаењето, во вештините и во начинот на кој работиме – посочи Божиновска.

Во рамките на посетата министерката разговараше со директорот Горан Богоевски и за можностите за продлабочување на соработката меѓу Министерството и училиштето, особено во делот на практичната настава и поврзувањето на образованието со реалните потреби на енергетскиот сектор.

Беше разгледана и иницијативата за воспоставување поинтензивна институционална соработка, со цел унапредување на образовните процеси, размена на знаења и искуства и создавање дополнителни можности за учениците да стекнат практични знаења и искуства релевантни за енергетиката и индустријата.

– Енергетската транзиција нема да ја направат само инвестициите и технологијата. Ќе ја направат и луѓето со знаење и вештини. Затоа како Министерство сакаме уште посилно да ја поврзуваме енергетиката со образованието, со компаниите и со младите – истакна Божиновска.

На почетокот на новата учебна година министерката им порача на учениците да бидат љубопитни, да не се плашат од технологијата и промените и постојано да инвестираат во сопственото знаење.

– Не размислувајте само каде ќе најдете работа. Размислувајте каде можете да создадете вредност. Не плашете се од технологијата – научете ја. Не плашете се од промените – бидете тие што ќе ги носат. Македонија има потреба од вашата енергија, вашите идеи и вашите вештини – рече Божиновска.