Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски на која во фокусот биле резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување.

Министерството информира дека по барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спровел ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата биле разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување.

– Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор. Напротив, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка, секоја препорака и секоја констатирана слабост мора да добијат институционален одговор и јасен рок за постапување. Нашата обврска е да воспоставиме систем во кој ќе се следи што е направено, што не е направено и зошто, истакнала министерката Божиновска.

Реклама

На средбата било разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите.

Од Министерството најавуваат дека ќе побараат од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати.

– Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните, нагласила Божиновска.

Главниот државен ревизор Максим Ацевски ги презентирал клучните наоди и препораки од ревизиите, при што била истакната важноста од навремено постапување на субјектите на ревизија и надлежните органи, како и од воспоставување механизми за следење на степенот на реализација на дадените препораки.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот завод за ревизија ја потврдиле потребата од продолжување на институционалната координација, со цел ревизорските наоди да имаат реален ефект врз подобрувањето на работењето на институциите во енергетскиот сектор.

– Целта е јасна – повеќе ред, поголема отчетност и конкретни резултати во управувањето со институциите и ресурсите во енергетскиот сектор, велат од ресорното Министерство.