Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Економија

Божиновска: Сакаме закон за рударство што ќе отвори простор за инвестиции и развој, но нема да има компромис со животната средина, граѓаните и интересите на локалните заедници

Нашата цел не е само формално усогласување со европското законодавство. Сакаме да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата цел не е само формално усогласување со европското законодавство. Сакаме да донесеме закон кој ќе биде функционален, применлив и современ, закон кој ќе создаде јасни правила и правна сигурност, ќе овозможи развој на рударскиот сектор и одговорни инвестиции, но истовремено ќе гарантира дека јавниот интерес, граѓаните, животната средина и локалните заедници нема да бидат ставени во втор план.

Ова го истакна министерката за енергетика Сања Божиновска  на денешната презентација на резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство што се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), со која се потврдува дека предложените законски решенија се современи, сеопфатни и во значителна мера усогласени со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.

Таа посочи дека Македонија има потенцијал за развој на рударството и искористување на минералните суровини, но дека идниот развој мора да се темели на високи стандарди, транспарентни процедури, јасни правила и одговорно управување со природните богатства.

Реклама

-Рударството треба да биде двигател на економскиот развој, но придобивките од инвестициите мора да бидат пошироки – за државата, за економијата, за локалната самоуправа и пред сè за граѓаните. Затоа инсистираме на систем во кој ќе има и развој и заштита, и инвестиции и одговорност, и ефикасни процедури и високи стандарди – нагласи Божиновска.

На стручната средба, информираат од МЕРМС, експертите ги презентираа наодите од анализата и препораките за дополнително унапредување на законските текстови.

Независната експертска ревизија ја изработија проф. д-р Вјечеслав Боханек и Кристи Дизни Брукнер, во соработка со граѓанската организација „Нов Трет Пат“, а во процесот беа вклучени и претставници на Министерството, Геолошкиот завод и Државниот инспекторат за енергетика и минерални суровини.

Експертите дадоа многу позитивна оценка за предложените законски решенија, посочувајќи дека тие воспоставуваат современа, јасна и меѓусебно усогласена рамка за геолошките истражувања и рударските активности.

Во рамки на експертизата е направена и компаративна анализа со законодавствата на шест земји членки на Европската Унија – Австрија, Германија, Полска, Чешка, Финска и Хрватска, при што е утврдено дека предложениот македонски модел е во согласност со релевантните европски практики.

Посебно внимание е посветено на современите европски политики во областа на критичните и стратешките минерални суровини, управувањето со геолошките податоци, заштитата на животната средина, одржливото користење на природните ресурси и одговорното управување со рударскиот отпад и затворањето на рудниците.

Министерството, како што беше истакнато на средбата, работи на создавање законска рамка која ќе обезбеди предвидливост за инвеститорите, ефикасни и транспарентни постапки, јасно дефинирани надлежности на институциите, заштита на животната средина, одржливо користење на минералните ресурси и поголема вклученост на локалните заедници.

Особено значајно е што во подготовката на законите се користи искуство од повеќе европски држави и меѓународни практики.

Кристи Дизни Брукнер е меѓународен експерт со повеќе од 27 години професионално искуство во областа на рударското законодавство, политиките за минерални суровини и одржливото управување со природните ресурси. Во текот на својата кариера била ангажирана на развој, анализа и унапредување на законски и регулаторни рамки во повеќе од 70 земји, со искуство во различни региони и правни системи.

Проф. д-р Вјечеслав Боханек, професор на Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство при Универзитетот во Загреб, е еден од истакнатите регионални експерти во областа на рударството и минералните суровини. Тој има директно искуство во процесите поврзани со подготовката на хрватската законска рамка и стратегијата во областа на рударството и управувањето со минералните суровини, како и долгогодишно академско и стручно искуство.

Од Министерството посочуваат дека експертската ревизија е важен чекор во процесот на финализирање на законските решенија, бидејќи овозможува дополнителна стручна проверка и споредба со искуствата на земјите членки на Европската Унија.