Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Економија

Божиновска: Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и јавно приватни партнерства достапни на граѓаните

Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и ЈПП, достапни на граѓаните, истакнала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешниот владин тематски состанок за Партнерство за отворена власт, на кој се зборувало за напредокот и заложбите на институциите.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, тоа преку својата посветеност и визија, активно учествува во реализацијата на тековниот Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026 година. 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е координатор на заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, како и активен учесник во заложбата 1.2 – Јавно објавување на вистински сопственици на фирмите што имаат склучено договори со државата. Со овие заложби, како што се истакнува, ко-креирани во партнерство со граѓанскиот сектор, Министерството испраќа јасна порака.

Реклама

– Енергетиката, рударството и минералните суровини се сектори од големо јавно значење што го носат економскиот развој на државата. Нивното управување мора да биде транспарентно, отчетно и достапно за јавноста, затоа што успехот во овие области се гради и се дели со граѓаните – тој е од нив и за нив, смета Божиновска.

Кога станува збор за конкретни резултати, од Министерството наведуваат дека е формирана работна група во рамки на Министерството, што има задача да го реализира објавувањето на сите склучени договори за: 1. концесии за експлоатација на минерални суровини и 2. договори за детални геолошки истражувања.

– Овие документи се јавно достапни на веб-страницата на Министерството:  www.energy.gov.mk, овозможувајќи директен увид за граѓаните и граѓанските организации, се подвлекува во соопштението.

Како што се додава, во делот на јавно-приватното партнерство (ЈПП), Министерството веќе води Регистар на доделени договори.

– Овој регистар ќе се надгради согласно новиот Предлог-закон за ЈПП, преку воспоставување Единствен електронски систем за јавно-приватно партнерство што ќе ги опфати сите фази на проектите – од планирање, до доделување, спроведување и завршување на договорите. Системот ќе биде директно поврзан со Националниот електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН), се додава во соопштението.

Со овие активности, се нагласува, Министерството потврдува дека транспарентноста и отчетноста се основа на успешното управување со јавните ресурси.