Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Божиновска: Над 40 концесии за експлоатација на минерални суровини се одземени поради утврдени нерегуларности

Над 40 концесии за експлоатација на минерални суровини се одземени досега поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 40 концесии за експлоатација на минерални суровини се одземени досега поради утврдени нерегуларности, а концесиските надоместоци се зголемени за 100 проценти, информираше денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска одговарајќи на пратеничко прашање за пренос на концесијата за ископ на варовник на локалитетот „Вртекица“ во општина Студеничани. 

Прашањето го постави пратениот од Левица Реџеп Исмаил до Министерството за внатрешни работи, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за локална самоуправа, кој забележа за безбедноста при преносот на варовникот, со оглед на тоа што тоа се прави преку локалниот пат до Драчево, односно по локалниот пат што го поврзува Драчево со Долно Количани, кој, како што рече не е соодветен за тоа.

-На средината од патот, од Драчево кон Количани, има локален пат кој води до Пагаруша, од каде што продолжува до Вртекица и до локалитетот каде што се врши експлоатацијата. Тоа е локален пат, дел од патната мрежа изграден во времето на Југославија, кој локалните жители сами го одржуваат…Како ќе ја обезбедите безбедноста при транспортот на рудата по тој пат? Станува збор за тешки товарни возила натоварени со тешка руда и масивни камења. Пред да стигнат до локалитетот, тие поминуваат низ средината на селото, каде што играат деца, а камионите поминуваат и покрај, односно преку просторот што го користат како игралиште. Тој пат не е предвиден ниту за нормален сообраќај, а камоли за тешки товарни возила. Без да се вложи ништо во тој пат, давате одобрение за експлоатација на рудата, со што дополнително се нарушува безбедноста на патот и на локалното население – истакна Исмаил.

Реклама

Божиновска одгофори дека концесиите се одземени таму каде што биле утврдени нерегуларности и додаде дека зголемувањето на надоместоците треба да обезбеди повеќе средства за општините, кои треба да се користат за инфраструктура и други потреби на локалната заедница. Во однос на конкретниот случај со концесијата за експлоатација на варовник Божиновска посочи дека не може да ги знае деталите за сите, како што посочи околу 400 концесии, но нагласи дека при пренос на концесија треба да постои сообраќајна согласност од општината.

-Кога се прави пренос, треба да има сообраќајна согласност од општината. Претпоставувам дека има – рече таа и најави проверка на случајот.

Министерката информираше дека по завршувањето на пратеничките прашања ќе го контактира Инспекторатот и ќе побара да се истражи случајот, вклучително и состојбата со патот по кој се одвива транспортот.

-Тоа ќе го провериме, а во исто време ќе испратиме и инспекција за да видиме што се случува на терен – истакна министерката.

Таа појасни дека патиштата не се во надлежност на МЕРМС, но во постапките се доставуваат елаборати и потребната документација и се прибавуваат мислења од повеќе институции, меѓу кои Министерството за транспорт и Министерството за животна средина.

-Ние сами ништо не издаваме. Ние контактираме и со Министерството за транспорт и со Министерството за животна средина – рече министерката.

Доколку инспекцискиот надзор утврди прашања што се во надлежност на други институции, таа најави дека тие ќе бидат известени за да се преземат соодветни мерки во однос на безбедноста и состојбата на патот.