Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Божиновска на јубилејот на ЕВН повика на одговорен приватен сектор и цврсти институции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на одбележувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на одбележувањето 20 години од работењето на ЕВН Македонија и промоцијата на „Белата книга“ порача дека економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу државата и приватниот сектор.

Како што соопшти Кабинетот на министерката, Божиновска нагласила дека успехот на една компанија не може да се гледа изолирано, туку како дел од поширок систем во кој се преплетуваат јавниот интерес, инвестициите и развојот на општеството.

– Ова не е само јубилеј на една компанија. Ова е доказ дека кога има визија, посветеност и заедничка цел – резултатите се долгорочни и видливи. Развојот не може да биде едностран. Ниту државата може без силен приватен сектор, ниту бизнисот може да расте во средина што стагнира – истакна министерката.

Реклама

Таа потенцираше дека вистинската вредност на компаниите се мери преку нивниот придонес кон економијата и квалитетот на живот на граѓаните.

– Колку повеќе расте економската моќ на граѓаните, толку повеќе расте и потенцијалот за инвестиции и бизнис. Тоа е меѓусебна зависност. Не може едното без другото – рече Божиновска.

Во своето обраќање, како што се наведува, министерката посебно се осврна на улогата на приватниот сектор како двигател на иновации, модернизација и технолошки напредок, нагласувајќи дека инвестициите во енергетската инфраструктура и новите решенија не ја трансформираат само компанијата, туку ја придвижуваат целата економија.

Истовремено, Божиновска ја нагласила и клучната улога на државата.

– Нашата задача како институција е јасна – да создадеме стабилен, предвидлив и фер систем. Систем во кој граѓаните се заштитени, пазарот е регулиран, а компаниите имаат сигурност и јасни правила за инвестирање. Закони мора да има – но уште поважно, тие мора да се почитуваат – подвлече таа.

Министерката предупредила дека без доверба нема инвестиции, а без инвестиции нема развој, особено во сектор како енергетиката, кој бара долгорочно планирање и сериозен пристап.

– Енергетиката не трпи импровизации. Таа бара одговорност, партнерства и визија. Затоа ни е потребен приватен сектор кој не само што инвестира, туку создава вредност – и институции кои тоа ќе го овозможат – изјави Божиновска.

Осврнувајќи се на „Белата книга“, таа ја оцени како значаен документ што ја отсликува досегашната соработка, но и поставува јасен правец за иднината.

 – Овој документ е огледало на едно партнерство, но и патоказ. Покажува дека кога знаењето, капиталот и институциите се усогласени – резултатите не изостануваат – нагласи министерката.

Божиновска упати повик за продолжување на ваквиот модел на соработка, потенцирајќи дека само преку реални, мерливи и одржливи партнерства може да се изгради енергетски стабилна, економски силна и просперитетна држава.

– Да продолжиме да работиме заедно – затоа што тоа не е избор, туку предуслов за напредок – порачала министерката Божиновска.