Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Божиновска: Можно е поевтинување на струјата поради ниските берзански цени и зголемените количини од обновливи извори

Државната компанија АД ЕСМ веќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Следната година, наместо досегашните 100 проценти, ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова, како што рече денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, е последната обврска од реформската агенда. Сите останати се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната компанија АД ЕСМ веќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Следната година, наместо досегашните 100 проценти, ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Ова, како што рече денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, е последната обврска од реформската агенда. Сите останати се исполнети.

Според Божиновска, со оглед на актуелните ниски берзански цени и зголемените количини електрична енергија од обновливи извори, во наредниот период може да се очекува поевтинување. Но, државата има и план Б доколку евентуално дојде до нагорна корекција на цената на струјата поради се уште неизвесните глобални случувања.

Реклама

– Што се однесува до исполнување на обврските од реформската агенда, од секторот енергетика се исполнети сите. Работиме и на последниот, а тоа е намалување на интервенција, односно од 100 отсто што ЕСМ ги дава на универзалниот снабдувач, ќе бидат 70 отсто, со тоа што за оваа година веќе тендерот е завршен. За следната година ЕСМ нема да дава 100 отсто, туку ќе дава максимум 70 отсто на универзалниот снабдувач. Ако ги гледаме цените како се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе и Грција извезува, јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени, меѓутоа, тоа е сепак берза, може да има и скокови и падови, меѓутоа некој тренд е дека сега има многу ниски цени и нули. Инаку, секако дека имаме и план Б. Како што одлучивме дека ќе има 70 отсто, ние секогаш се грижиме граѓаните да имаат електрична енергија. Ќе видиме како одат трендовите. Сега за сега се дека има многу евтина електрична енергија, изјави министерката по брифингот со новинарите.

На прашањето дали ќе се укинат блоковите, потсети дека за тоа е надлежна Регулаторната комисија за енергетика. Блоковите, потсети Божиновска, беа донесени кога цените на електричната берза изнесуваа 700, 800 или 1.000 евра за мегават час.

– Сега имаме комплетно друга слика, имаме цени нула, а Регулаторната комисија за енергетика е одговорна за блоковите. Таа ги дефинира и прави истражување што се случува. Ако не повика, секако ќе дадеме наше мислење, меѓутоа целта е една и единствена, граѓаните да имаат пониски сметки, што се надевам дека е цел и на Регулаторната комисија. Со овие ниски цени сега што се, што ги гледаме, се надевам дека би можело да има некоја промена, меѓутоа тоа се зависи од Регулаторната комисија за енергетика, објасни министерката.

Божиновска информира и дека Македонија, според извештајот за 2025 година, има 58 отсто производство на електрична енергија од обновливи извори, што е веќе над европскиот просек кој изнесува над 50 проценти. Тој тренд, рече, ќе продолжи, зашто има многу голем интерес за инвестиции во обновливи извори. 

На прашањето дали земјава има доволно вода и струја за најавените дата центри, министерката одговори дека ако тоа се приватни инвестиции, обврска на приватниот инвеститор е да си ги обезбеди потребните услови за дата центрите.

– Ние како држава ја правиме легислативата, односно можноста да може да има дата центри кај нас, децидна е министерката Божиновска. Таа напомена и дека со претстојниот ребаланс на Буџетот, нема да има скратувања кај Министерството за енергетика.