Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност во снабдувањето со струја во југозападна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор. Оваа инвестиција претставува пресвртница и клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападниот регион на земјата и целиот електроенергетски систем.

„Нашата мрежа беше изложена на сериозен ризик, особено поради двата изгорени трансформатори, што создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем.. Новиот трансформатор ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, обезбедувајќи стабилно снабдување за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци. Дополнително, ќе овозможи непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата.“, изјави министерката Божиновска.

Проектот, првично започнат во 2023 година, но занемарен од претходното раководство, беше оптоварен со доцнења и пропусти. Под водство на новото раководство, проектот беше оживеан и забрзан за да одговори на итните потреби на регионот. Транспортот на трансформаторот беше предизвик сам по себе, вклучувајќи неповолни временски услови, силни ветрови кои го отежнуваа утоварот и истоварот на пристаништето, како и потребата за обезбедување дозволи за транспорт низ неколку земји.
„Успешната испорака на трансформаторот беше можна само благодарение на тимската работа и посветеноста на нашите технички екипи како и координацијата со ресорните Министерства. Наследивме систем на работ на колапс, но со фокус и експертиза, испорачавме решение кое ја враќа стабилноста и довербата “, истакна генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи
Инсталирањето на трансформаторот дополнително ќе овозможи продолжување на проектот за реконструкција на 110 kV далекувод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1, чија што реконструкција беше прекината поради испадот на двата трансформатори.

Реклама

Посетата на министерката е дел од континуираните напори за модернизација на енергетската инфраструктура. Преку соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) се започна и со изработка на стратегија за зајакнување на националната мрежа со цел забрзана и сигурна интеграција на обновливите извори на енергија, како и модернизација на енергетската инфраструктура во државата.
Божиновска истакна дека со исклучителна посветеност во изминатиот период се работеше на изработка на новиот Закон за енергетика и Законот за обновливи извори на енергија, со чија имплементација земјата ќе се врати на патеките кон забрзана интеграција во единствениот електроенергетски систем.

“На долгорочен план, нашите иницијативи се тесно усогласени со целите на ЕУ за енергетска безбедност и зелена транзиција. Дополнително, преку механизмот на Western Balkan infrastructure facilities планираме надградба на 400 kV интерконекција меѓу Македонија и Грција, конкретно 400 kV интерконекција Битола-Лерин, со што би ги зголемиле прекугранични капацитети. Планираме воведување на технологијата (Dynamic Line Rating) на критичните коридори за максимизирање на ефикасноста и зголемување на преносниот капацитет. Една од клучните цели на долг рок е и отпочнуваме на процесот на дигитализација на нашите трансформаторски станици, вклучувајќи го и преминот кон системи без SF6 гас.

Друга приоритетна област е напредокот во интеграцијата на пазарот преку пазарното поврзување со Грција, Албанија и Косово кој се очекува да биде целосно имплементиран до 2027 година, создавајќи обединет регионален пазар со кој би зголемила флексибилноста и адекватноста на македонскиот електроенергетски систем, а со тоа и можноста за дополнителна интеграција на обновливи извори на енергија. “ додаде министерката Божиновска.