Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Почнува дебатата за предлог-буџетот за 2027 година

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на предлог-буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани. За предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од овластени предлагачи.

Во предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто во споредба со 2026 година. Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година.

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

Реклама

Во 2027 година, покрај финансирањето на буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 45 милијарди денари, државата има обврски и за сервисирање на долгот во износ од 124,6 милијарди денари. Од вкупните обврски за отплата, 46,5 милјарди денари се за надворешен долг. В година, како што е познато, за отплата е еврообрзницата од 500 милиони евра издадена во 2023 година. За финансирање на дефицитот и обврските планирано е домашно задолжување од 36,3 милијарди денари и дополнителни 60 милијарди денари за едногодишни државни хартии од вредност, кои достасуваат за отплата и задолжување во странство од 86,8 милијарди денари.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на 30 октомври, при претставувањето на предлог-буџетот за 2027 година истакна, дека со него се поставуваат фискалните рамки и развојните приоритети за следната година. Основната цел, како што потенцира, е да обезбедиме стабилни и одржливи јавни финансии, да продолжиме со постепена фискална консолидација, но истовремено да создадеме услови за економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Таа истакна дека буџетот за 2027 година го подготвиле во услови на неизвесно меѓународно економско опкружување и екстерни ризици поради што посебно внимание посветиле на реалноста на проекциите, одржливоста на расходите и ефикасното користење на јавните средства.

Министерката посочи дека со буџетот се обезбедуваат средства за раст на плати во јавниот сектор, повеќе пари за исполнување на обврските што произлегуваат од членството на државата во НАТО, при што за одбраната се планирани средства во висина од 2 отсто од БДП за зајакнувањето на одбранбените капацитети, модернизацијата и опремувањето на Армијата. 

– За социјална заштита на најранливите категории граѓани се предвидени 14,3 милијарди денари, а за активните политики и мерки за вработување се планирани 2,9 милијарди денари. За здравствена заштита се обезбедени 3,9 милијарди денари повеќе во споредба со оваа година. Исто така, за општините преку блок-дотации и дотации за ДДВ се планирани трансфери во износ од речиси 36 милијарди денари. Особено значаен сегмент на буџетот за 2027 година се капиталните инвестиции. За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Нашата определба е овие средства да бидат насочени кон проекти што создаваат долгорочна вредност, ја подобруваат инфраструктурата и придонесуваат за поквалитетни јавни услуги. Притоа не е важна само висината на планираните средства, туку и нивната реализација. Нашиот фокус е на навремено спроведување на проектите и на конкретни резултати на терен – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа напомена дека средствата за Јавното претпријатие за државни патишта веќе не се предвидени во буџетот, односно тие веќе ги обезбедува претпријатието.

Дополнително, појасни министерката, покрај капиталните инвестиции, што директно се финансираат од буџетот, во 2027 година продолжува реализацијата на значајни инфраструктурни проекти преку ЈПДП, како што се коридорите 8 и 10 Д, и продолжува реализацијата и на проекти, како што се автопатските делници Кичево – Букојчани, Кичево – Охрид и Скопје – Блаце, подобрувањето на локалната патна инфраструктура, како и проектите за изградба и модернизација на железничката инфраструктура, вклучително и источниот дел на Коридорот 8, железничкиот граничен премин Табановце.

Таа посочи дека продолжува и реализацијата на проектите за локална инфраструктура, енергетска ефикасност на јавните објекти и воведување брз автобуски превоз во Скопје. Сите овие инвестиции, нагласи, имаат една заедничка цел – подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги, поголема продуктивност и создавање услови за развој на економијата.

Нашата определба, истакна министерката, е да градиме буџет заснован на реални приходи, одговорно управување со расходите и јасно утврдени приоритети.

– Во 2027 година продолжуваме со фискална дисциплина, ефикасно користење на јавните средства и посилен фокус на капиталните инвестиции. Целта е да обезбедиме стабилни финансии, да создадеме услови за одржлив економски раст и подобар животен стандард на граѓаните – додаде Димитриеска-Кочоска.

Во Собранието денеска седница ќе одржат и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на двете комисии е предлог-законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка.